Венко Филипче, министерот за здравство, денеска соопшти каква е ситуацијата по болниците низ државата. Тој напомена дека 13% од активните случаи се хоспитализирани, а другите се на домашно лекување, односно се асиптоматски.
„До утрово хоспитализирани 379 пациенти, или 13% од вкупниот број на активни случаи. 87% од вкупниот број дијагностицирани се на домашно лекување. И покрај големиот број, во болниците и натаму има капацитет за сместување“, рече Филипче.
