Годинава, заклучно со 4 октомври, 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени, информира директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
До сите се доставени опомени и денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади. Лукаревска посочи дека е спроведена присилна наплата кај сите компании што ја злоупотребија државната помош кои, како што рече, беа објавени јавно и транспарентно од страна на Генералниот секретаријат на Владата, бидејќи тие беа исплатувачи на средствата од финансиската помош за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.
Во периодот од јануари до август годинава, прецизира Лукаревска, УЈП извршила 1.876 контроли на даноци или придонеси.
