Физичка пресметка меѓу двајца малолетници во училишен двор во Тетовско завршила со тешки телесни повреди на едно од децата. Четиринаесетгодишник од селото Милетино бил нападнат од свој врсник, по што завршил на лекување во Ургентниот центар во Тетово.
Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен вчера во 12:30 часот, откако од Ургентниот центар известиле дека кај нив било донесено 14-годишно дете со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, повредите ги здобило при физички напад од негов врсник, кој се случил во кругот на училиштето.
Од тетовската полиција информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
