До Февруари идната година ќе биде решен статусот на околу 140 професионални војници кои по завршувањето на работниот ангажман во АРМ не беа вработени.Со тоа се заокружува процесот на реашавање на статусот на сите професионални војници.
Решението во форма на Предлог закон за измена на Законот за служба во Армијата на Република Македонија во името на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го поднеле Емил Димитриев и Талат Џафери. Со него се предлага да се овозможи вработување на сите професионални војници на кои им престанал работниот однос по основ на навршување на максимална старосна граница.
