15-годишен ученик со нож нападнал директорка во Франција, им подлегнала на повредите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ученик сериозно повреди 31-годишна училишна директорка со нож утрово за време на полициска проверка пред основно училиште во градот Ножан во регионот Горна Марна, а таа им подлегна на повредите кратко по прободувањето, објавија француските медиуми.

Ученикот, на возраст од околу 15 години, беше уапсен и пренесен во жандармериската станица во Ножан, објави телевизијата BFM.

Во времето на нападот во училиштето имало 324 ученици.