15-годишна пациентка почина од компликации од вирусот – Стевановиќ: Пациентката во Скопје е пренесена со тешка клиничка слика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

15 годишно девојче од село Селце тетовско почина во Инфективна клиника од Ковид 19. Била хоспитализирана во тешка здравствена состојба и и покрај тоа што лекарите му ја дале потребната терапија, сепак таа не успеа да го прележи вирусот, рече директорката на клиниката, Милена Стевановиќ.

Според лекарскиот извештај, станува збор за пациент со зголемена телесна тежина . Според епидемиолошките анкети, претходно таткото на починатата бил позитивен, а како последица од компликации од вирусот, нејзината мајка починала пред неколку дена.

Вчера почина и 22 годишен пациент од Куманово, за кој директорката рече дека немал хронична болест, но не бил ни вакциниран.

Стевановиќ апелира до младите да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките бидејќи, како што вели, младоста не те штити од болеста како што се сметаше на почетокот на пандемијата.

Во Иинфективна Клиника моментално се хоспитализирани 160 пациенти, 10-15 од нив имаат примено прва или втора доза на вакцината.

Според Стевановиќ, клиничката слика на вакцинираните е полесна од невакцинираните.