16 лица ја изгубија битката со коронавирусот, најмладиот од Крушево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.707 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19.

Оваа битка ја изгубија 16 лица.

  • Седум пациенти од Прилеп (87г, 82г, 75г, 74г, 70г, 66г, 63г)
  • Шест пациенти од Скопје (83г, 75г, 72г, 69г, 66г, 54г)
  • Eден пациент од Гостивар (87г)
  • Eден пациент од Гевгелија (71г)
  • Eден пациент од Крушево (40г).

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845 .