Министерството за здравство информира дека пријавени се 16 починати лица од ковид-19.
- 7 лица од Скопје (60г, 67г, 70г, 73г, 77г, 84г и 84г)
- 2 лица од Куманово (54г и 72г)
- 2 лица од Прилеп (73г и 86г)
- 1 лице од Битола (75г)
- 1 лице од Гостивар (49г)
- 1 лице од Тетово (64г)
- 1 лице од Македонска Каменица (71г)
- 1 лице од Неготино (79г).
Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.
Од министерството посочуваат дека починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.
