16 лица ја изгубија битката со ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека пријавени се вкупно 16 починати лица:

  • 4 лица од Тетово (72г, 77г, 84г и 85г)
  • 3 лица од Куманово (61г, 62г и 81г)
  • Едно лице од Скопје (70г)
  • Едно лице од Прилеп (68г)
  • Едно лице од Виница (73г)
  • Едно лице од Струмица (67г)
  • Едно лице од Велес (70г)
  • Едно лице од Кочани (75г)
  • Едно лице од Струга (70г)
  • Едно лице од Неготино (47г)
  • Едно лице од Македонска Каменица (70г).

Од пријавените, две лица  се починати  во домашни, а останатите 14 во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.