Министерство за здравство денеска информира дека пријавени се вкупно 17 лица кои ја изгубиле битката со коронавирусот.
- 5 лица од Скопје (66г,71г,76г,79г и 80г)
- 3 лица од Тетово (60г,70г и 73г)
- 2 лица од Куманово (73г и 82г)
- 1 лице од Прилеп (58г)
- 1 лице од Штип (58г)
- 1 лице од Кичево (81г)
- 1 лице од Струмица (59г)
- 1 лице од Гостивар (47г)
- 1 лице од Ресен (80г)
- 1 лице од Богданци (70г).
Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.
