Бангладеш се соочува со сериозна епидемија на мали сипаници, која досега однела речиси 1.000 животи. Состојбата дополнително ја отежнуваат недостигот од вакцини и преполнетите болници, објавија Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC).
Од почетокот на епидемијата во март, во земјата се регистрирани повеќе од 166.000 сомнителни случаи на мали сипаници, од кои 19.835 се лабораториски потврдени инфекции, пренесува „Ројтерс“.
Експерти ја обвинуваат преодната влада за состојбата, оценувајќи дека промената на политиката за набавка на вакцини ги довела во ризик животите на децата.
Здравствените власти се соочуваат со дополнителен притисок поради големиот број пациенти и ограничените количини на вакцини, што го отежнува справувањето со епидемијата.
