Невреме и заладување за викенд: Поројни дождови, грмежи и северен ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=33°C. P=978hPa. U=45%. V=3m/s.

Во следните два дена времето ќе биде сончево и топло. Утре попладне наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер. Од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање.