Министерството за здравство информира дека регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, додека пак регистрирани сe и 222 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 17 починати лица:
- Пет починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г)
- Пет починати лица од Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г)
- 2 починати лица од Охрид (89г и 38г)
- Едно починато лице од Штип (68г)
- Едно починато лице од Велес (88г)
- Едно починато лице од Ресен (74г)
- Едно починато лице од Радовиш (79г)
- Едно починато лице од Валандово (81г)
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337
