17 пожари во Македонија, 3 се активни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 11.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 5 се под контрола, а 9 се изгаснати.

Активни пожари – 3:
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец, проширен кон м.в. Дабова Дупка – Јасен – нискостеблеста и мешана шума.
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно – мешана шума.
Општините Крушево и Кривогаштани: с. Алданци, проширен еден крак кон с. Годивлје – нискостеблеста дабова шума и висока вегетација.

Пожари под контрола – 5:
Општина Кичево 1: с. Тајмиште, м.в. Дарда – ниска вегетација.
Општина Делчево: Градска депонија – ѓубре.
Општина Сарај: с. Копаница – ниска вегетација и мешана шума.
Општина Охрид: с. Буково – ѓубре.
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци – високостеблеста шума.

Изгаснати пожари – 9:
Општина Старо Нагоричане: с. Ругинце – ниска вегетација и дрва.
Општина Липково: меѓу селата Липково и Оризаре – ниска вегетација.
Општина Прилеп: с. Штавица – ниска вегетација.
Општина Новаци: с. Бач – ниска вегетација и стрниште.
Општина Македонски Брод: с. Бенче – мешана листопадна шума.
Општина Сарај: с. Копаница – ниска вегетација.
Општина Неготино: с. Дуброво према с. Војшанци – ниска вегетација.
Општина Свети Николе: с. Кадрифаково кон с. Ерџелија – ниска вегетација.
Општина Ново Село: с. Стиник – внатрешно горење на трупци.