178 казнети возачи во Скопје – 30 поради управување со брзина поголема од дозволената

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 13 за користење на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.