Граѓаните во центарот на градот почнаа да се прилагодуваат на новиот закон и носат маска на отворено иако се сами. Законот се уште не е објавен во службен весник, туку само е изгласан во собранието, сепак голем дел на граѓаните и претходно носеа маски на отворено, иако досега не беа задолжителни.
Имаше и од тие кои не носеа маски, други пак групирани седеа на клупи без дистанца и носење соодветно на заштитна маска.
Анкета:
„Не можам да дишам со ова. Имам марами некои со нив полесно се дише со ова потешко. Не сметам дека е ефикасно но треба да се чуваме“
„Новиот закон не го знам, само кога има комуникација треба да се носи маска. Со себе ја носам, маската“.
„За нашето добро и затоа се препорачува“.
ТВ21: Дали ви е тешко, дали некогаш заборавите да носите маска или пак веќе сте се навикнале?
Заборавме често, шо да правиме потребно е, се враќаме дома и ја земаме.
„Маските не’ заштитуваат и на тој начин ние самите себе се заштитуваме“
„Ако планинарите или шетате во парк и кога нема гужва нелогино е да бидете со маска. Јас сега пола пат го изодев доаѓам од Рамстор навака искрено пола пат ми беше со маска бидејќи на некои места немаше луѓе и не гледам логика цело време да ја носам маската“
А, што точно се предвидува со новите мерки кои ја поминаа и собраниската процедура.
„Носење маска на отворено, оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.
Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее, при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита. Мерките за носење маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.
Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува, додотлку не се приджува следува казна од 50 евра.
Забрането групирање на повеќе од четири лица по 22 часот“, се вели во Законот за заштита на населението.
„Вчера пратениците го изгласаа законот каде се предвидува сите граѓани треба да носат на маска и на отворено. Од друга страна делот од законот каде што се предвидуваше да примаме четири гости во нашите домови, е повлечен“, посочи репортерката на ТВ21.
Законот деновиве треба да биде објавен во службен весник и од тој ден полицски службеник може да ве казни 20 евра во денарска противредност за неносење маска.
