20 години работа за еден стан во Центар: Кој ја предизвикува експлозијата на цените?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три просечни плати за еден метар квадратен стан во Скопје! Ова е вистината која се среќаваат денеска многу скопјани при купување недвижности, особено во популарните и барани локации. За да се обезбеди стан во центарот на градот, потребно е не само да се работи 20 години, туку и да се заштеди цела плата само за еден метар квадратен!

Цените на недвижностите од 2020 година до денес доживеале драстично зголемување и се покачиле дури двојно, што ги оставило многу потенцијални купувачи во неизвесност. Но, се поставува прашањето: дали овие цени се вештачки напумпани, или се резултат на реални пазарни услови?

Покрај тоа, постојат и прашања за долгорочната стабилност на пазарот на недвижности. Дали цените ќе продолжат да растат, или постои опасност од „пукање на балонот“?

За одговори на овие важни прашања, вечерва ќе разговараме со Никола Велковски од здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и Ивица Јакимовски, претседател на градежната комора.

Не пропуштајте ја оваа интересна и актуелна дебата на ТВ21 во 21:30 часот во емисијата „Бизнис 21“.