21 лице ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.398 тестирања, а регистрирани се 1406 нови случаи на коронавирус, додека пак оваа битка ја изгубија 21 лице.

  • Шест пациенти од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74 години)
  • Три лица од Штип (84, 70 и 62 години)
  • Три лица од Прилеп (51, 40 и 55 години)
  • Едно лице од Струга (64 години)
  • Четири лица од Битола (77, 77, 79 и 74 години)
  • Едно лице од Гостивар (72 години)
  • Едно лице од Радовиш (70 години)
  • Едно лице од Македонски брод (66 години)
  • Едно лице од Берово (85 години)

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, на починати е 1.397, а бројот на активни случаи изнесува 19.035.