Министерството за внатрешни работи објавува дека во текот на последните 24 часа, 21 возач се лишени од слобода поради невнимателно возење низ целата земја. Од нив, 13 управувале без возачка дозвола, седум биле под дејство на алкохол, додека еден возач во Кичево управувал и покрај тоа што имал забрана за управување со возило. Министерството за внатрешни работи објавува дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
