Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани вкупно 25 пожари, од кои четири остануваат активни, три се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари се пријавени на подрачјата на Студеничани, Македонски Брод, Велес, Зелениково, Јегуновце и Сарај, а екипите на терен работат на нивно локализирање.
Според ЦУК, во текот на викендот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор. Во меѓувреме, ризикот од ширење на пожарите останува висок поради високите температури.
