Соединетите Американски Држави денес го одбележуваат Денот на независноста – 4 Јули, еден од најзначајните државни празници во земјата.
Овогодишната прослава има посебно значење, бидејќи се одбележуваат 250 години од усвојувањето на Декларацијата за независност. На 4 јули 1776 година, тринаесетте британски колонии во Северна Америка ја прогласија својата независност од Велика Британија, поставувајќи ги темелите на создавањето на Соединетите Американски Држави.
Декларацијата за независност беше усвоена на 4 јули 1776 година, додека американскиот Устав, потпишан во 1787 година, ја утврди основата и структурата на државното уредување. Со него беше воспоставен систем на поделба на власта на три гранки – извршна, законодавна и судска, односно претседателот, Конгресот и Врховниот суд.
Денот на независноста традиционално се одбележува со свечени паради, семејни прослави, концерти и други јавни настани низ целата земја, а прославата кулминира со спектакуларни огномети.
