26 лица ја изгубија битката со коронавирус – најмладиот 42 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19.

26 лица ја изгубија оваа борба:

  • Седум лица од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г)
  • Две лица од Куманово (87 и 52г)
  • Едно лице од Дебар (80г)
  • Пет лица од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г)
  • Едно лице од Струга (62г)
  • Две лица од Битола (77 и 69г)
  • Четири лица од Охрид (62, 70, 57 и 81г)
  • Едно лице од Свети Николе (65г)
  • Две лица од Кичево (64 и 77г)
  • Едно лице од Неготино (74г)

Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751.