26 прекршувања на забраната за движење – 449 санкции за неносење маска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 00.00 часот до 04.00 часот изутринава е констатирано дека 26 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 449 прекршоци, соопшти полицијата.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.