Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19. Оваа борба ја изгубија 29 лица.
- Починати седум лица од Скопје (82, 67, 78, 83, 70, 66 и 56 години)
- Починати три лица од Куманово (63, 78 и 62 години)
- Починати четири лица од Прилеп (73, 65, 76 и 59 години)
- Починат еден пациент од Тетово (62 години)
- Починати две лица од Битола (66 и 85 години)
- Починато едно лице од Кавадарци (76 години)
- Починати четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58 години)
- Починати три лица од Гевгелија (73, 75 и 71 години)
- Починати две лица од Струмица (63 и 77 години)
- Починато едно лице од Радовиш (67 години)
- Починато едно лице од Неготино (60 години)
Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62.945, бројката на оздравени пациенти е 40.188, на починати е 1.792, а бројот на активни случаи изнесува 20.965.
