29 лица починале од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2827 тестирања, а регистрирани се 883 нови случаи на ковид-19.

Додека пак во болнички услови починати се 29 лица:

  • 12 пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.)
  • Два пациенти од Куманово (63 и 82г.)
  • Три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.)
  • Два пациенти од Тетово (65 и 72г.)
  • Еден пациент од Струга (81г.)
  • Два пациенти од Велес (77 и 80г.)
  • Два пациенти од Битола (64 и 65г.)
  • Два пациенти од Гостивар (63 и 74г.)
  • Еден пациент од Валандово (83г.)
  • Два пациенти од Кичево (78 и 73г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.134, бројката на оздравени пациенти е 52.949, на починати е 2254, а бројот на активни случаи изнесува 21.931.