3 години празни ветувања! 500 метри улица во Козле се уште не неасфалтирана

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред три години за ТВ21 ветија реконструкција на овој пат поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, потоа поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов и поранешниот директор на компанијата „Улици и патишта“ Сенад Смајловиќ, но како што се гледа патот и понатаму е во лоша состојба, а никој не си го одржа зборот.


Ова е првото ветување на поранешниот градоначалник на Карпош за ТВ21. Во неколку наврати се зборуваше дека откако ќе се подобри времето, патот ќе биде саниран, но тоа не се случи.

Во Институтот за белодробни заболувања Козле на ден доаѓаат околу 100 деца на преглед од цела Македонија. Родителите кои ги носат овде своите деца на преглед постојано се жалат.

„Катастрофа е, што да кажам друго.
Дали мислите дека треба да се реконструира?
Секако, и улицата со коцка не чини.
Да, треба да се реконструира улицата“, велат граѓаните.


Загриженост за оваа улица изразува и директорот на болницата Бесник Зеќири, бидејќи оваа болница во пандемијата функционира и како центар за ковид каде се хоспитализирани заразените деца. Тој вели дека актуелниот градоначалник на Скопје му рекол дека работите ќе почнат во јуни.

-Точно е дека и претходно не прашувавте, претходно сте правеле стории за овој пат и целата оваа приказна само се одложува и нема крај. Ние со претходната власт на Град Скопје и општина Карпош имавме договор со кој требаше да го направат патот пред Нова година, но потоа искомунициравме и ни кажаа, од општина Карпош велат дека ако не го направи тоа до јуни Град Скопје, ќе почнат тие да ја прават улицата, но колку ќе биде ова точно и дали ќе заврши во јуни, останува да видиме, вели Зеќири.
Од Град Скопје за ТВ21 велат:


Болницата Козле е изградена во 2015 година, додека патот што води таму е околу 500 метри, но во лоша состојба и за автомобили и за пешаци.