Во 2026 година во Шпанија се регистрирани 61 ден со услови на топлотен бран, што е најголем број откако се вршат мерењата и значително над претходниот рекорд од 41 ден, поставен пред четири години, соопшти денеска националната метеоролошка агенција AEMET.
Шпанија исто така го имала најтоплото лето откако започнале мерењата во 1961 година, со просечна температура од 24,5 степени Целзиусови. Тоа е за 0,3 степени повеќе од претходниот рекорд, поставен во 2025 година, пренесе „Ројтерс“.
Топлотните бранови во јули и август, кои траеле подолго од 20 дена, биле меѓу најдолгите регистрирани во земјата уште од 1975 година.
