Одредени се 30 дена притвор за десетте лица кои пред неколку дена нападнаа и повредија полициски службеници од СВР Велес кај селото Степанци, дознава ТВ21 од свои извори.
Имено, пет полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди, беа пренесени во болницата во Велес по напад од неколку граѓани кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва.
