Лице на 30 години од Куманово е најмладата жртва на коронавирус во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во последните 24 часа регистрирани се девет починати лица, а дополнително од „Мој термин“ се регистрирани дополнителни седум смртни случаи.
Вкупната бројка на починати е 6.646 лица од почетокот на пандемијата.
