Македонскиот олимписки комитет во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. Делегацијата од Македонија ќе брои 130 члена од кои 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 19 од вкупно 33 спортови. Ова е најброен состав на Македонија досега на Медитерански игри. Досега нашите спортисти имаат освоено 14 медали на Медитеранските игри.
„МОК направи се што можеше логистички да ја поддржи нашата репрезентација, тоа значи, целосно авионските билети, со директен лет, комплетната логистика околу патување и сместување, прекрасната опрема која што денеска имате прилика да ја видите и сето она што се вика логистика. Овој пат одиме многу спремни, бидејќи за прв пат ангажиравме и професионален психолог да работи и пред Медитеранските игри, истиот ќе биде со нас и за време на целиот настап на спортистите“, истакна директорот на МОК, Даниел Димевски.
„За мене лично ова се трети Медитерански игри, до сега има освоено сребрен и бронзен медал, така да сега ми останува златото и овој пат одиме по него. Јас верувам во сите наши спортисти, бидејќи претходно сме докажале, имаме медали од Европско од Светско, од Медитерански игри секогаш сме се враќале со медали.“, изјави таеквондистот Дејан Георгиевски.
