300 илјади евра за надворешни експерти – општина Тетово ангажира приватни агенции, дали ќе се објават имињата?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иако со блокирана сметка и две плати во минус за вработените со договор на дело, Општина Тетово преку приватна агенција за вработување одвои 3000 илјади евра за нови вработувања.

На јавни набавки, општината на 31 март ја избра приватната агенција „Џоб 2011“ од Скопје да и понуди вработени на општина Тетово, која вкупно за нивните плати ќе даде 18 милиони и 290 илјади денари.

Прашан за ова, градоначалникот Биљал Касами со овие средства ќе ги исплати надворешните експерти.

„Тие средства се за привремени вработувања бидејќи кога дојдов во општината реков дека ќе бидат ангажирани минимален број луѓе кои работат за општина Тетово и дека ќе имаат договор на дело, односно сите оние вработени кои и се потребни на општината. да се ангажираат на одредени работни места, за обврските кои се во форма на систематизација ќе се ангажираат за привремени вработувања преку приватна агенција“, вели Биљал Касами.

Но, зошто е ангажирана приватна агенција, кога се знае дека приватните компании немаат обврска да го објавуваат списокот на вработени, па јавно не може да се види кој е вработен и колку пари добива. Касами вели дека имињата треба да се објават доколку тоа го овозможува законот.

„Имаме вработени со трајни решенија кои се засноваат на систематизација, ако сакаме да бидеме целосно транспарентни тогаш мора да ја видиме правната основа на списокот на сите вработени во општина Тетово со трајни и привремени решенија, да биде објавен. За мене не е проблем сите да бидат објавени, бидејќи овој список или овие вработени е списокот што веќе го објавивме бидејќи немавме таква агенција, тие беа со договор на дело, па сега на значителен дел ќе им се платат и придонесите и социјалното осигурување, ќе имаат работно место и придонеси согласно законот“, додава Биљал Касами.

Транспарентност и објавување на сите  сметки на општината за тоа каде се трошат парите на граѓаните, беше едно од ветувањата на градоначалникот. Општина Тетово во моментов должи 14 милиони евра, додека Касами вети минимизирање на бројот на вработените во општината.