31 лице ја изгуби битката со коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19.

Починати се 31 лице:

  • Десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г)
  • Три лица од Куманово (57, 74 и 81г)
  • Едно лице од Дебар (81г)
  • Пет лица од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г)
  • Две лица од Тетово (59 и 81г)
  • Едно лице од Струга (75г)
  • Едно лице од Охрид (47г)
  • Едно лице од Кавадарци (51г)
  • Три лица од Гостивар (60, 75 и 68г)
  • Две лица од Струмица (72 и 83г)
  • Едно лице од Крушево (76г)
  • Едно лице од Делчево (65г)

Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613.