Од денеска до 30 април компаниите и самостојните вршители на дејност можат да аплицираат за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, изјави дека 31 милиони евра се предвидени за исплата на платите на 60 илјади работници. Субвенциите варираат од 14 500 до 21 700 денари месечно.
За да ја искористат ова мерка, работодавците треба да достават барање во УЈП преку системот на е-даноци. Одговор ќе добијат за 3 дена доколку барањето им е комплетно. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, ги објасни условите кои треба да се исполнат.
Друга мерка од 5-тиот економски пакет за кое наскоро компаниите ќе можат да аплицираат е бескаматна кредитна линија преку Банката за развој, мерка за која се доделени 10 милиони евра. За ова мерка компаниите можат да аплицираат од 3 до 30 милиони евра, а предвидена за тие компании кои ќе го зголемат бројот на вработени или дивидендата како дел од бескаматниот кредит да им се трансформира во грант.
