32 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладите од 32 и 34 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти, додека пријавени се 32 починати лица.

  • 5 починати лица од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г)
  • 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г)
  • 4 починати лица од Тетово (49г,56г,75г и 85г)
  • 4 починати лица од Кичево (55г,66г,72г и 72г)
  • 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г)
  • 2 починати лица од Куманово (50г и 70г)
  • 2 починати лица од Прилеп (32г и 75г)
  • 2 починати лица од Штип (72г и 87г)
  • едно починато лице од Струмица (54г)
  • едно починато лице од Гевгелија (50г)
  • едно починато лице од Кочани (64г)
  • едно починато лице од Радовиш (62г)
  • едно починато лице од Охрид (77г)
  • едно починато лице од Делчево (72г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077.