32 магистри, еден доктор на науки чекаат работа! – Младите загрижени: Политиката ја донесе земјава до ова дереџе!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Статистиките на Заводот за вработување во Кичево покажуваат дека работа чекаат 32 магистри и еден доктор на наука. Во оваа општина има граѓани со завршено високо образование, дури и постдипломски студии, но сепак или работат нешто вон нивната област или пак не работат воопшто!

„Тешко е да си невработен, но да бидеш невработен, а да имаш завршено факултет е дупло потешко, бидејќи си навреден интелектуално и професионален занемарен“.

Во Кичево има вкупно 3.552 баратели на работа, од кои 1.772 се жени, а 353 се со завршен факултет или магистратура, покажуваат податоците од Заводот за вработување на РСМ.

Младите со завршен факултет или магистратура работат сосема друга работа од нивната професија. Велат за ваквата состојба е виновна политиката.

„Иднината на младината во оваа земја ќе остане мрачна сѐ додека нивната диплома се заменува со партиска книшка“, додава граѓанин.

Во Заводот за вработување заклучно со октомври на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 134.2019 невработени граѓани.