323 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 од кои 323 се на територија на Скопје.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје има 32962, додека пак активни се 11527.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76.251, бројката на оздравени пациенти е 52.413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21.613.