329 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2664 тестирања, а регистрирани се 815 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 329.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје се регистирани 33.643 случаи на коронавирус, додека пак моментално активни се 11.956.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.949, бројката на оздравени пациенти е 53.345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22.330.