336 издадени решенија за изолација, 175 потпишале изјави за самоизолација, 633 прекршоци за не носење маска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.