Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. T=28°C. P=981hPa. U=30%. V=3m/s.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.
