45-годишник се обидел да ја измами старицата, ѝ побарал 30 илјади евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 24 јуни 2026 година, околу 11:30 часот, во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Н.Д. (45) од Скопје, осомничен за обид за кривично дело „измама“.

Според информациите од полицијата, постара жена од Крива Паланка добила телефонски повик од лице кое се претставило како лекар од Италија. Тој ја информирал дека нејзината ќерка имала сообраќајна несреќа во Италија, при што се здобила со тешки повреди и скршеници на ногата и вилицата, а за нејзина операција биле потребни 35.000 евра.

Откако жената кажала дека нема толку пари, лицето се согласило таа да ги предаде сите финансиски средства што ги има во домот. Во меѓувреме, жената стапила во контакт со својот зет, кој ја советувал да ја извести полицијата.

По пријавувањето, полициските службеници организирале акција и го фатиле осомничениот во близина на домот на жената, по што бил лишен од слобода.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.