Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19.
Оваа борба ја изгубија 46 лица:
- 19 лица од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84г)
- Едно лице од Дебар (74г)
- Едно лице од Штип (81г)
- Едно лице од Прилеп (83г),
- Пет лица од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67г)
- Две лица од Струга (61 и 61г)
- Три лица од Велес (68, 68 и 59г)
- Три лица од Охрид (71, 89 и 57г)
- Едно лице од Кавадарци (64г)
- Едно лице од Гостивар (59г),
- Три лица од Струмица (73, 75 и 83г)
- Две лица од Кочани (82 и 70г)
- Едно лице од Демир Хисар (71г)
- Едно лице од Македонски Брод (64г)
- Две лица од Кичево (80 и 67г)
Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579.
