489 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19, од кои 489 се на територија на Скопје.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје се дијагностицирани 27.464 случаи на коронавирус, додека пак активни се 10.151.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62.945, бројката на оздравени пациенти е 40.188, на починати е 1.792, а бројот на активни случаи изнесува 20.965.

Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Ковид -19.