Отстранувањето на камп куќичките кај езеро Треска веќе започна.
Од друга страна, како што се гледа, и езерото е испразнето. Во текот на денешниот ден неколку работници кои беа ангажирани од општината ја вршеа својата работа за отстранување на железните конструкции кои претходно беа тоалети.
„Некои од камп куќичките се уште се кај езерото Треска, но се испразнети.
Многу од овие кампови се испразнети внатре, а некои се неподвижни. Од јавното претпријатие на општина Сарај велат дека секој ден отстрануваат камп куќички“, јавува репортерот на ТВ21.
„До сега од езерото Треска се отстранети над 50 камп куќички, а секој ден се отстрануваат по 5-10 камп куќички“, велат од Општина Сарај.
Во текот на утрешниот ден сопствениците на камп куќичките заедно со нивниот адвокат ќе се сретнат кај езерото Треска. Општина Сарај писмено ги предупреди сите кампери во рок од 60 дена да ги отстранат нивните камп куќички. Според општината, оваа одлука следи откако Инспекторатот за животна средина утврдил загаденост на воздухот, нечистотија, застарена електрична инсталација, нефункционален водовод и канализација.
Некогаш Треска беше туристичка атракција, но со текот на годините тоа избледи, а и после многуте ветувања, до сега овде ништо не е уредено.
