Музика, групи луѓе, кршење на протоколи, надминување на работното време. Ваква беше атмосферата синоќа во дел од скопските локали. Кафе барот Мош беше еден од нив. Околу 50 полицајци синоќа го обиколија локалот. Сопственикот беше казнет со 4 илјади евра, но забавата не беше прекината…
„Дојдовме овде заедно со Пазарниот инспекторат за да видиме како функционираат локалите во Скопје поточно во Центар. Видовме дека голем број полицајци дојдоа во еден локал поради непочитување на предвидените протоколи. За тоа сопственикот беше казнет со 4 илјади евра“, вели репортерката на ТВ21.
Иако Пазарниот инспекторат минатиот викенд издаде наредба за затворање поради непочитување на работното време, овој локал продолжил со работа кршејќи ги предвидените протоколи за заштита од Ковид-19.
„Инспекторите влегле во „Мош“ и им посочиле на вработените да ги оддалечат масите и да отстранат дел од инвентарот, односно да постапат согласно со протоколите и да обезбедат дистанца. Но, кога инспектрите заминале од локалот, сопствениците повторно ги вратиле масите“, посочи Стојко Пауновски.
Во Центарот на градот во неколку локали вриеше од забави, Инспекторатот вршеше проверки во Чаир.
ТВ21: Со мерките како?
Добро.
ТВ21: Држите ли дистанца?
Да, секако. На секоја маса има средство за дезинфекција. Дистанцата треба да се почитува, за другото знаете.
ТВ21: Со работа како е?
Добро е, има работа.
Инаку Пазарниот инспекторат синоќа казнил 19 локали низ земјава. Директорот Стојко Пауновски бара од владата и Министерството за здравство ПИ да има надлежност за затворање на локалите, не само за изрекување казна, бидејќи, како што додаде, сопствениците ги злоупотребуваат преку судовите и обвинителствата. Инаку од ПИ информираат дека вчера изрекле казни за 7 ресторани каде биле организирани свадби и направен е записник. Потоа за седумте кафеани кои не ги почитувале протокалите и 5 кафеани кои го пречекориле работното време. Најмногу казни има во Скопје, потоа следат Прилеп, Битола, Струмица, Струга и Тетово.
