Над 50 гимназијалци од Пласница, Другово, Челопек и други села кои следат настава во гимназијата Мирко Милески во Кичев о ќе продолжат со онлајн настава/ Поради проблеми со тендерот за транспорт на учениците, тие не можат да им се придружат на другите ученици на училиште. ТВ21 беше во селото Пласница на средба со родителите кои беа револтирани од ваквата ситуација која може да потрае до 15 февруари.
Немаат транспорт! Кој треба да плати за транспортот, јас или државата. Учат онлајн или јас плаќам такси за да оди ќерката на училиште. Срамота е тоа што се случува во оваа држава. Со 10 илјади како можам јас да го поминам месецот. Сакам моето дете да оди на училиште како порано, вели еден од родителите.
Велат дека за ова прашање се известени еден ден пред почетокот на второто полугодие.
„Ова навистина е катастрофа, детето да седне дома и да не учи, а јас се обидувам со социјална плата да го пратам на училиште, тоа навистина е катастрофа, навистина е катастрофа“, велат родителите.
Од општина Кичево велат дека проблемот е предизвикан поради високата цена понудена од страна на компаниите, затоа тендерот е повторен, но вториот пат компанијата не ја доставила целосната документација. Сега тендерот е објавен за трет пат и се очекува во текот на неделата ова прашање биде решено.
„Јавната набавка делумно е објавена по трет пат за две линии и се очекува да заврши следната недела. За да не губат настава, дел од учениците кои го користат транспортот од Општина Пласница, наставата ја следат преку електронската платформа“, велат од Секторот за образование при општина Кичево.
Под знак прашалник е прашањето како овие деца следат онлајн настава кога нивните наставници држат настава со физичко присуство. Родителите за ТВ21 изјавија дека прашањата им се праќаат преку Вибер на учениците и на тој начин се обидуваат да држат настава додека се реши проблемот.
