Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила рано утринава на автопатот Градско-Велес, каде пешак бил прегазен од патничко возило, а возачот по ударот го напуштил местото.
Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 5 октомври околу 5:30 часот. Несреќата се случила кај местото викано „Штипска клучка“, каде возило удрило во 77-годишниот С.М. од селото Мамутчево, велешко.
Од здобиените повреди, пешакот починал на самото место. Лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.
На местото бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
