Во тетовско Боговиње сè уште постои мелница која пченката и пченицата ги меле со камен. Посебна е бидејќи такво брашно нема во регионот. Рамадан и Мухамед Велија се единствените воденичари во регионот ако не и пошироко. Тие работат на сред село уште од времето на Османлиската империја. Не се знае колку е стара воденицата, бидејќи според Рамадан пет поколенија за кои тој знае се занимавале со овој занает, а според него ниту прадедото не знаел колку генерации претходно работеле во оваа воденица.
„Во турско време, 520 години колку што била Турција овде, никој не знаел за оваа воденица, таткото на татко ми, 82 години не знаел ништо, прадедото, дедо Идриз ни тој не знаел ништо, ни татко ми не знаел ништо, дедо Идриз, дедо Камбер. 4 поколенија ако ги броиме 400 години, не знаат ништо, така како што е само нешто поправивме“, истакна Рамадан Велија.
Рамадани ја изгубил едната рака во 1981 токму во оваа воденица. Тој раскажа за тоа.
„На 27 мај 1981 дрвото ми ја фати раката, останало ѓубре, ова дрво реагира за да го запре каменот го пуштив ова за да помине пченицата и тука тоа го запре“, додава Велија.
Но брашното кое е сомлено со камен е многу поздраво и лебот има друг вкус. Не ги губи своите хранливи вредности и е многу вкусно, вели Рамадани.
„Има интерес за био, во фабрика може да се сомеле и подобро, но го нема овој вкус“, посочува воденичарот Рамадан Велија.
Проблемот на функционирање на овие мелници е снабдувањето со вода, два месеци имаат вода колку што е потребно за јули и август, а фрлањето отпад во реката им предизвикува проблем со блокирање. Каменот го носат од Митровица и е посебен камен на кого му се потребни часови за да ја сомеле пченицата како што треба.
„Овие камења се од Митровица, не се речни камења, тие не мелат, овие се бадем, и еднаш неделно треба да се наоѓаат, требаат два часа за едната страна и два за другата, порано мелевме три дена за храна, три дена за стоката и три дена за пченкарно брашно“, истакнува Велија.
Во минатото во секоја населба имало по една воденица која мелела брашно за потребите на селото. Тие се сметале за најбогати луѓе, една воденица чинела 30 хектари земја, а сега воденичар кој меле брашно со камен што го врти вода, е сосема заборавен.
