Кристијан Ериксен повторно се сруши на теренот – завладеа паника, судијата предвреме го заврши мечот (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет години откако на ЕП 2021 година се сруши на теренот поради срцев удар, данскиот фудбалер Кристијан Ериксен вечерва повторно доживеа непријатност на пријателскиот меч со Украина.

Тој во 64. минута повторно се сруши на теренот, завладеа паника на теренот, меѓутоа овојпат се заврши добро за него. Судијата го прекина натпреварот, односно свирна крај на 12 минути пред крајот.

Во меѓувреме се огласи и докторот на Данска, кој кажа дека веднаш се актвирал пејсмејкерот вграден на Ериксен, и го спасил фудбалерот.

„Од моја гледна точка, мислам дека неговиот пејсмејкер го активирал шокот додека играл. Мислам дека го видов како се држи за градите и можеби дури и викна: „Ау“. А потоа се сруши. Тогаш отидов кај него. Сега неговиот пејсмејкер се анализира бидејќи може да покаже која е основната причина. Тој се освести доста брзо. Мислам дека уредот го направи она за што беше ставен – да го врати во живот“ – рече Мартин Боесен.