Иџе излета од патеката во Чешка, но и со искршено Ферари стигна до пиедесталот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првата трка на Игор Стефановски – Иџе заврши со сериозно излетување од патеката во Чешка. Беше неизвесно дали неговото Ферари ќе биде оспособено за втората трка, а потоа…

Откако го оспособија возилото, Иџе покажа моќ, и не само што ја заврши трката, туку го стори во голем стил. Се искачи на пиедесталот како третопласиран на крајот од трката.

„Трето место. Македонска сила. Благодарност за најдобриот тим“, напиша Иџе на својот профил на Фејсбук.

Вчера на ТВ21 излезе интервју со Иџе во кое зборуваше за своите почетоци со автомобилизмот, и дали тоа ќе го пренесе на своите деца.

Целото интервју може да го прочитате подолу: