500 ифтари за студентите и сиромашните – „Агими и Бамирсис“ веќе 11 дава бесплатни оброци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Здружението Агими и бамирсис 11-та година по ред организира бесплатен ифтар за сиромашните и студентите. Околу 500 луѓе секој ден од Рамазан сега добиваат бесплатна храна од здружението или храната се доставува до нивните домови.

„Ова е 11 година откако “Агими и бамирсис” почна да дава ифтари на студентите и на тие кои имаат потреба. Првично почнавме со 30 оброци и полека бројот се зголемуваше“, вели Јетон Џеладини.

И годинава ќе бидат поделени 500 ифтари, 250 за студенти и 250 за сиромашни, додека во последните години поради пандемијата бројот на ифтари секој ден достигуваше  и над  над 1200.

„Лани и преклани имавме 1000-1200ифтари дневно поради кризата од пандемијата и другите нешта. Сега почнавме со 500 ифтари, од четврток досега имаме 500 ифтари. Моментално имаме 250 студенти и 250 луѓе кои имаат потреба, понекогаш бројката варира но така ние предвидовме“, додаде Јетон Џеладини.

Оброк чини 200 денари или 3,5 евра.

Сите оние кои сакаат да донираат можат да се обратат во здружението.